Маскедонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговите соиграчи од тимот на Колорадо им се вратија на победите во кошаркашката НЦАА лигата, во дуелот со универзитетот Конектикат. Клучната улога на мечот ја имаше токму македонскиот репрезентативец.

Во жесток натпревар, одлучи една топка и тоа кошот на нашиот Јакимовски во самата завршница. Андреј ја презеде одговорноста во решавачките моменти од натпреварот и со еден тежок кош ги постави конечните 73:72.

Македонскиот кошаркар мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 12 поени и 10 скока, 1 асистенција и 1 украдена топка. Хамонд и Мелоун беа најефикасни со по 16 кошеви.

Популарните „бафалос“ сега имаат 5-1 (победи/порази) во досегашниот тек на првенството.