Македонскиот репрезентативен голман Димитриевски одигра шест натпревари за Валенсија во подготвителниот летен период, но испадна дека Македонецот мораше да чека половина година за своето деби во дресот на Валенсија.
„Лилјаците“ го одиграа првиот од трите одложени натпревари поради поплавите во Валенсија, и фаворитот си ја заврши работата.
Нисколигашот Парла му овозможи на тренерот Рубен Бараха да им даде шанса на сите играчи со помала минутажа, но посебно вредна е стартерската позиција која ја доби Димитриевски.
После петте меча во низа на кои постави рекорд како македонски репрезентативец, Столе сега придодаде уште еден натпревар во својата серија, бидејќи Валенсија ја сочува својата мрежа во дуелот со Парла.
„Лилјаците“ славеа со минимални 0:1 за пласман во следната фаза на Копа дел Реј, а единствениот гол беше дело на Пепелу.