Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова дебитираше во Премиер лигата на Саудиска Арабија во вистинско светло и со два постигнати голови.
Капитенката на репрезентацијата на Македонија имаше ѕвездено деби за Ал-Шабаб и постигна два гола во победата на гости кај Ал-Тараџи од 0-4. Андонова двапати ја матира противничката голманка и имаше голем удел во победата на тимот.
Инаку, ова беше првиот официјален настап на Наташа Андонова во новиот клуб по трансферот во Саудиска Арабија. Ал-Шабаб ѝ верува на Македонката која веќе ја носи и капитенската лента.
Еден од погодоците на Андонова е вистинска мајсторија од слободен удар, а другиот го постигна со глава.