Македонското таеквондо од година во година е во подем и до израз доаѓаат и новите генерации, а една од претставничките од кои се очекува многу во иднина е Ведрана Тунески.
Ведрана славеше над Вирџинија Ламптис од Италија и се закити со најважното одличје во Тирана, откако претходно извојува три импресивни победи на патот до финалето.
Македонката најпрво ја совлада Милјана Јовичиќ од Црна Гора, потоа славеше над Аурора Парисела од Италија, а во полуфиналето ја победи Шпанката Дијаз Гомез.
Ова е само уште еден доказ дека таеквондо клубот Бутел е ризница на големи македонски таленти, а тоа секако е гаранција за одржување на подемот кој го краси македонското таеквондо неколку години наназад.