Maкедонскиот најдобар таеквондист, Дејан Георгиевски освои сребрен медал на отворањето на новата сезона.
Георгиевски до среброто на турнирот во Тирана Г1 Опен стигна со две победи откако ги победи Насо од Италија и Плонис од Белорусија. Подобар од македонскиот таеквондист во финалето беше Гркот Сотирос.
Во финалето Георгиевски се бореше и со мала повреда за која е најавено дека брзо ќе биде санирана и нема да му прави проблеми во продолжение од сезоната.