Разочарувањето за „црвените ѓаволи“ беше најавено уште во третата минута кога Ван де Ван му асистираше на Џонсон кој го отвори резултатот. Работата за Јунајтед стана потешка во завршницата кога Бруно Фернандеш по еден старт заработи директен црвен картон и предвреме го заврши натпреварот.
Со минимална предност Тотенхем замина на паузата. По само две минути игра во второто полувреме Кулушевски зголеми на 0-2.
По тој гол имаше еден период во кој Јунајтед создаде неколку прилики, но мрежата на Викарио не се затресе. Конечните 0-3 во 77. минута ги постави Доминик Соланке.
За Манчестер Јунајтед ова е веќе трет пораз во првите шест кола во кои имаат уште две победи и едно реми.