Атлетик Билбао и Севиља одиграа нерешено (1-1) во натпревар од осмото коло во шпанската Примера, Трагичар на домашниот тим беше голманот Алекс Падиља, кој си постигна несреќен автогол во 93. минута и донесе бод за гостите од Андалузија.
Билбао имаше водство од 1-0 на паузата меѓу двете полувремиња, а стрелец на голот беше Микел Јаурегизар. Севиља упати четири удари во рамките од голот во второто полувреме, но израмнувањето дојде во последните секунди од натпреварот.
Разочарувањето кај домашните навивачи беше големо, а гостинските фудбалери успеаја да го освојат деветтиот бод сезонава. Билбао сега има 14 бода и останува на четвртата позиција на табелата.