Реал Мадрид, актуелниот европски и шпански првак, најголемиот клуб во светот, и следната сезона ќе има супер состав, кој на прв поглед делува застрашувачки. Иако тој е без Килијан Мбапе, познато е зошто, сепак стратегот Карло Анчелоти и тоа како ќе има тим кој може да атакува на сите титули.

Куртоа, Карвахал, Милитао, Рудигер, Алаба, Модриќ, Чуамени, Камавинга, Родриго, Винициус и Бензема.

Image

Сепак тука се и Каземиро, Крос, Менди, Азар, Асенсио, Цебаљос иако јавна тајна е дека Дон Флорентино Перез на Карлито ќе му донесе барем уште една голема ѕвезда за уште посилен тим.