Напаѓачот Мемфис Депај им соопштил на фудбалерите на Барселона директно во соблекувалната дека нема да го напушти каталонскиот клуб, открива каталонскиот „Спорт“.

28-годишниот Холанѓанец се свртел кон соиграчите во соблекувалната и рекол „ќе останам дури и ако потпишат уште шест напаѓачи“.

Депај беше изненаден од однесувањето на управата на Каталонците откако минатото лето дојде во клубот како слободен играч и се согласи на значително намалување на платата.

Мемфис има намера комплетно да го исполни договор со Барселона кој има важност до 30 јуни 2023.

Минатата сезона тој постигна 13 гола и забележа две асистенции на 37 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.