Лион се радуваше на гостувањето кај Тулуз со победата од 2-3 (0-1), во натпревар од 26. коло на француската Лига 1. Добрата серија на поранешниот шампион во пролетната полусезона ја продолжи и во првенството, па се радуваа во дуелот со два пресврти.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања, практично Тулуз не креира ниту една сериозна шанса, а Лион малку беше нешто поопасен. Единствениот гол во првиот дел беше дело на Александер Лаказет во 33. минута.
На стартот на второто полувреме Тулуз се врати во игра, бидејќи за само седум минути постигнаа два гола за пресврт. Прво во 53. минута погоди Далинга, за потоа Сиеро да го реализира ударот од единаесет метри за домашна предност. Во продолжението и Лион аправи „блиц-криг“, па за пет минути преку Рајан Черки и Обрајен направи уште еден пресврт, вреден три бода.
Со оваа победа Лион се зацврсти на десеттата позиција со 34 бода, пет повеќе од Тулуз.