Португалскиот ас Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср извојуваа победа над Ал Ахли со 1-0 во дерби пресметката од 24. коло во првенството на Саудиска Арабија.

Гостите пред неколку дена доживеаа тежок удар со елиминацијата од азиската Лига на шампиони, но и покрај тоа се кренаа и извојуваа триумф со кој се зацврстија на второто место на табелата.
Човек на одлука беше Роналдо кој во 68 минута ја презеде одговорноста и го реализира ударот од 11 метри. Претходно во првиот дел му беше поништен гол на Кристијано (офсајд), но и на Фирмино во 57 минута.