Ливерпул е подготвен да ја плати откупната клаузула за талентот на Барселона Гави и со тоа да направи сериозен чекор во подмладување на екипата. Актуелниот договор на 17-годишниот вундеркинд истекува за 18 месеци. Има откупна клаузула вредна 50 милиони евра и на Енфилд сериозно размислуваат дали да го направат офанзивецот свој играч пишува денешен „Мундо Депортиво“.

Неодамна од „Камп Ноу“ објавија дека приоритет на клубот е потпишување на нов договор со Гави. Клубот смета дека е време да ја подигне неговата плата која моментално е само 100.000 евра годишно. Другата причина е да се подигне предметната откупна клаузула и со тоа да се отфрлат кандидатите за потпис на младиот играч, затоа што реално Гави вреди повеќе од 50 милиони во моментов.