Победите над баварскиот гигант, Барселона ги оствари во 2009 и 2015 година, прво со 4-0, а потоа со 3-0. Интересно е тоа што во двете сезони, Барса подоцна ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.
И не само тоа, во двата случаја, на крајот од сезоната Барса освојуваше тројни круни. Во 2009 година, на клупата беше Пеп Гвардиола, а шест години подоцна истото му успеа на Луис Енрике. Сепак, за разлика од тогаш, Барса сега се сретна со Баерн во групната фаза од Лигата на шампионите, па пред себе има уште многу работа за да ги повтори претходните успеси.