Екипата на РБ Лајпциг загуби на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт со 0-1 во 17. коло, а на натпреварот дебитираше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Кнауф го постигна единствениот гол на дуелот за гостите од Франкфрут во седмата минута, додека Лајпциг не искорисит ниту една шанса, иако се закани дури 26 пати.
Елмас доби шанса дури во завршницата, односно влезе во игра во 88. минута на местото на Хенрикс.
Лајпциг останува на четвртото место со 33 бодови, односно 12 помалку од лидерот Баер Леверкузен, додека Франкфурт е петти со 27 бода.