Македонскиот фудбалски интернациналец Даниел Аврамовски, постигна фантастичен гол за неговиот Болуспор, на гостувањето кај Адана.

Натпреварот заврши нерешено без победник (1:1), а бодот на гостите им го обезбеди токму Аврамовски. Гостите поведоа токму со голот на Македонецот, за во вториот дел домаќините да изедначат.

Аврамовски се обиде да постигне гол атрактивно и тоа му успеа – постигна гол со ножички.