Кошаркарите на Партизан тешко се победуваат на негов терен и дури кога имате водство од 24 поени разлика и тоа на своја кожа го почувствува израелскиот Макаби Тел Авив на вчерашниот меч во Штарк Арена“ во Белград.
„Црно-белите“ беа загубени во најголемиот дел од првото полувреме, но секогаш мора да се игра до крај и тоа го покажаа избраниците на Обрадовиќ кои до паузата намалија од предноста на противникот за да во вториот дел водени од публиката го комплетираат пресвртот, и кам-бекот за ерупција на сите присутни кошаркарски фанови во салата.
Домашните играчи дадоа се од себе, гинеа за секоја топка откако се „разбудија“, а нивниот најдобар потег и акција дојде во третиот период кога Смаилагиќ и Трифуновиќ со неверојатни реакции ја задржаа топката во поле за да на крајот Јарамаз даде кош за транс на фановите во Белград.
https://twitter.com/i/status/1745911678871453935