Кошаркарското Ел Класико, дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кој беше закажан за в недела во Мадрид, е одложен поради големиот број заразени во каталонскиот клуб.
Според веб-страницата на Барселона, во клубот има девет случаи на инфекција со коронавирус, меѓу кои играчи, тренери и технички персонал.
Ковид 19 го погоди и „кралскиот клуб“, а во триумфот во Евролигата против ЦСКА не настапија Ентони Рендолф, Гершон Јабуселе, Хуан Нуњез, Томас Ертел, Фабиен Козер и Винсент Поарје.
Веднаш по новогодишните празници продолжува Евролигата. Според календарот, Реал на 6 јануари го пречекува Уникс, додека ден подоцна на програмата е дуел меѓу ЦСКА и Барселона.