Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец за Ал Ахли во поразот (3-4) од Ал Шабаб во првенството на Саудиска Арабија.

Алиоски во 44. минута погоди од пенал за израмнување 2:2, но Ал Ахли не можеше да го избегне поразот.

Ал Ахли игра многу променливо оваа сезона и се наоѓа на дванаесеттото место на табелата во шампионатот на Саудиска Арабија и е многу блиску до зоната за испаѓање.

Standings provided by SofaScore LiveScore