Екипата на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс оствари убедлива победа над Национал Потеси во Копа Судамерикана, но триумфот од 4:0 беше зачинет и со едно неверојатно промашување на уругвајскиот голгетер Кавани.
Единсон Кавани брзо ги освои срцата на навивачите на Бока со своите голови и максималното залагање, но утрово режираше промашување кое и него го остави без текст.
Уругвајскиот фудбалски мајстор лошо го постави левото стапало и не успеа да реализира во ситуација кога беше осамен пред гол линијата, па ова сигурно е негово најголемо промашување во богатата кариера.
https://x.com/i/status/1795999816947761404
Ниту самиот Еди не можеше да поверува што не претвори во предност од 2:0, па во прв момент беше до толку гневен, што сакаше да ја искине мрежата.
https://twitter.com/i/status/1795971849303490727
Неколку минути подоцна, Кавани сепак се запиша во листата на стрелците и погоди за 2:0, а Бока Јуниорс на крајот славеше со 4:0.