Во Англија е постигнат најурнебесниот гол во историјата кога голманот глумеше дека е фаулиран. Голманот на Вајкомб, Максимилијан Штријек од синоќа е еден од најинтересните ликови во англискиот фудбал откако прими гол за кој уште долго ќе се зборува.

Неговиот тим имаше 0-0 на гостувањето кај Барнсли, на почетокот од судиското продолжение во второто полувреме, но остана без бодот поради глупоста што ја направи. Полскиот чувар на мрежата прво се обиде да чува време, потоа имаше благ контакт со противнички играч, па падна на земјата, глумејќи дека е фаулиран.

 

 

Притоа, му испадна топката од раце, судијата не досуди фаул, па Сем Косгроув рутински ја затресе мрежата на Вајкомб за победа на неговиот тим.