Бранителот на титулата во лигата на шампиони,  Манчестер Сити по лудо второ полувреме стигна до пресврт-победа над РБ Лајпциг од 3-2 (0-2).

 

Фудбалерите на Сити во грч го отворија натпреварот против германскиот претставник, а играчите на Лајпциг го искористија тоа и Опенда со два гола донесе водство од 0-2 за својот тим. Но, по паузата и советите на Гвардиола, Манчестер Сити во вториот дел делуваше далеку посериозно и преку Халанд, Фоден и Алварез успеа да слави нова, петта победа во групната фаза.

Во рамки од оваа група, српскиот шампион Црвена Звезда забележа нов пораз и дефинитивно ги загуби сите шанси за третата позиција, која што на пролет води во елиминациона фаза во Лига Европа.

 

Јанг Бојс со два гола во првото полувреме славеше над „црвено-белите“ и така останува во европските натпреварувања и по зимската пауза (2-0).