Каталонскиот гигант Барселона го совлада Порто со 2-1 во петтото коло9 на ЛШ. Барса напаѓаше но Пепе постигна изненадувачки гол за Порто во 30 минута, но експресно после само две минути израмни Жоао Кансело. Тој направи соло пробив по левата страна и со прецизен удар го совлада голманот на Порто.
Само што почна второто полувреме Барса тргна во напад а Феликс од работ на шеснаесетникот со силен удар ја затресе пречката.
Но по уште еден пробив на извонредниот бек на каталонците и најдобриот играч на дуелот Кансело и маестрална асистенција победничкиот гол за Барса го постигна Жоао Феликс во 57.минута.
До крајот на натпреварот имаше доста шанси и на двете страни, а во самиот финиш по едно луцидно додавање од Гундоган, бразилецот Рафиња шутираше со ножички но противничкиот голман рефлексно одбрани сигурен гол.
И младиот голман на Барселона, Ињаки Пења имаше неколку извонредни интервенции, и беше достојна замена за повредениот Тер Штеген.
Шахтјор го совлада Антверп со 1-0 со голот на Матвиенко и има освоено 9 бодови, па со Порто во директен дуел ќе решаваат за вториот патник од групата за место во нокаут фазата од ЛШ.
Атлетико Мадрид го совлада Феенорд на гости со 1-3 и се пласира во нокаут фазата, а Јанг Бојс ја победи Црвена Звезда со 2-0.
Два автогола му донесоа на Атлетико пласман во нокаут-фазата. „Јорганџиите“ на Симеоне го победија Феенорд на гости (1-3) и патуваат заедно со Лацио меѓу осумте најдобри. Гертруда и Хименез погодија во сопствената мрежа, за Атлетико стрела и Хермосо, а утешниот гол за Феенорд го даде Вифер.