Атлетико Мадрид продолжува со фантастичните игри во Ла Лига, откако вечерва, нешто потешко од очекуваното, дојдоа до бодовите во пресметката со Алавес (4-1).

Тоа беше шести триумф во низа за „јорганџиите“, за кој најзаслужен беше Жоао Феликс, со головите во 11. и 82. минута, додека помеѓу неговата магија мрежата ја затресе и Луис Суарез од пенал во 75. минута, кој, за да не остане покус, го постигна и вториот гол пред самиот крај. Ескаланте во 63. минута донесе мала грижа кај домаќинот, откако изедначи на 1-1.

 

Атлетико Мадрид сега се изедначи по бројот бодови со второпласираната Севилја (по 57), со тоа што Андалузијците имаат одиграно еден меч помалку. Неприкосновен лидер е Реал Мадрид со 69 бодови, а четвртопласирана е Барселона со 54 бодови, но и два меча помалку од актуелниот првак од престолнината.