Лацио го победи Сасуоло со 2-1 на Олимпико во Рим и ја оствари 15 победа сезонава во Серија А. Со овој триумф тимот на Маурицио Сари се искачи на петтата позиција на табелата со 52 бода.
Мануел Лаѕари во 17.минута донесе водство за домашниот тим, а на почетокот на второто полувреме предноста ја удвои Сергеј Милинковиќ Савиќ. Тоа беше доволно за да се скрши отпорот на Сасуоло и „лацијалите“ да ги освојат трите бода иако Сасуоло постигна почесен гол преку Хамед Траоре во 95.минута.