Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на левото колено на натпреварот од петтото коло од Лигата на шампионите против Шериф. Шпанскиот тим славеше со 3-0, но Алаба мораше да ја напушти играта во 65. минута поради болки. Тој беше стрелец за водство на Реал Мадрид во 30. минута.
Иако од шпанската престолнина првично пристигна веста дека австрискиот фудбалер ќе се врати на теренот на следниот меч и дека се работи само за мало истегнување, сепак не е така.
По лекарските прегледи беше објавено дека дефанзивецот сепак ќе го прескокне натпреварот со Севиља во Ла Лига за викендот. Повредата не е од посериозна природа, но поради претпазливост Алаба ќе биде надвор од теренот, бидејќи Реал го очекува тежок распоред во наредниот период .
Реал во недела на 28 ноември од 21 часот ќе игра против Севиља.