Поранешниот тренер на Барселона Роналд Куман отпиша два милиони евра од вкупниот долг што каталонскиот клуб требаше да му го плати на име раскинување на соработката.
Договорот на Куман истекуваше во јуни следната година, а од моментот на раскинување на крајот на октомври до споменатиот датум тој требаше да заработи 12 милиони евра.
Холанѓанецот беше упорен да издејствува огромни пари, но знаејќи ја незавидната финансиска состојба на Барселона, реши да се задоволи со 10 милиони европски банкноти.
Куман мина нешто повеќе од една година во Барселона и за тоа време со низа пропусти и разочарувања го освои само Купот на кралот, па на почетокот на месецов беше заменет од Чави Ернандез.