Македонскиот голман, Никола Митревски повторно се најде во топ-5 листата на најдобри интервенции на колото во Лигата на шампиони (ЛШ), иако неговиот Порто немаше среќа против ПСЖ и загуби со убедливи 30-39.

Иако имаше само 3 одбрани на мечот, една од нив се наоѓа на петтата позиција во изборот на ЕХФ, додека најдобра интервенција на колото беше на Роланд Миклер, кој одбрани една одлична контра на Вардар во триумфот на Пик Сегед од 30-27.

Standings provided by SofaScore LiveScore