Македонската женска ракометна репрезентација денес беше убедлива на гостувањето кај Азербејџан со 37-22 во петтото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) и е на праг до пласман на шампионатот.
Ракометарките го отворија дуелот со серија од 4-0, по што Азербејџан се созеде по почетниот шок и израмни на 5-5. Македонија, сепак, во финишот на првото полувреме влезе во одличен ритам и замина на паузата со 19-12.
Предноста на македонската селекција во вторите 30 минути продолжи да расте и достигна до +16 (36-20), а на крајот Македонија оствари победа од 37-22.
Најдобра во победничкиот состав беше Јована Саздовска со седум голови, додека еден помалку постигна Сара Ристовска.
Со оваа победа Македонија си обезбеди учество на втор континентален собир во низа. Технички се чека уште победа на Шпанките во Литванија, меѓутоа и најлудото сценарио тешко би можело да ја остави нашата селекција без Европско првенство, бидејќи тука е и пласманот на најдобрите третопласирани во групите.
Македонија е на чекор до пласман на ЕП, односно ѝ треба услуга од Шпанија која денеска се очекува да ја совлада Литванија.