Овосезонската бајка за Сарбрикен во Купот на Германија конечно има свој крај. Третолигашот го елиминира Баерн, па Ајнтрахт од Франкфурт, но на домашен терен беше поразен од екипата на Кајзерслаутерн (0-2).

Така поранешниот шампион на Германија, а сега второлигаш стана првиот финалист на Купот. Противникот ќе го дознае по одигрувањето на дуелот меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.

 

 

Победата ја најави Марлон Ритер, а по голот на Туре гостите се пласираа во осмото финале на Купот во клупската историја, а прво по 21 година, кога беа поразени од Баер.