По ждрепката на Лигата на шампионите, од 13 часот во Нион беше закажана и ждрепката на шеснаесетфиналето на Европската лига, а во најинтересниот дуел ќе се сретнат Наполи и Барселона. Динамо Загреб доби тежок противник – специјалистот за ова натпреварување Севиља , додека интересно се очекува да биде и на дуелот Порто – Лацио

Двојки од шеснаесетфиналето:
Севиља – Динамо
Аталанта – Олимпијакос
Лајпциг – Реал Сосиедад
Барселона – Наполи
Зенит – Реал Бетис
Борусија Дортмунд – Ренџерс
Шериф Тираспол – Брага
Порто – Лацио