Освојувачот на Конференциската лига, Рома со Жозе Мурињо со пресврт го победи бугарски Лудогорец за да остане во Лига Европа и обезбеди пласман во шеснаестинафиналето после тешката победа со 3-1 на „Олимпико“.
На Рома и одговараше само победа за пласман, а сè тргна наопаку откако Рик им даде гол за водство на Лудогорец три минути пред паузата, па со два пенали во девет минути од 56-та до 65-та кои ги реализираше Лоренцо Пелегрини и ВАР помошта во 77-та да поништи гол за израмнување на Бугарите поради прекршок во зачетокот на акцијата пресудија за победата, па Николо Заниоло пет минути пред крајот стави печат на триумфот.
Рома со 10 бода завршува како втора во групата зад Бетис, кој од претходно имаше заверено прво место, а Лудогорец оди во Конференциската лига.
Токму мечот во Рим беше најнеизвесен зашто на останатите мечеви веќе сè беше јасно околу пласираните екипи, па Арсенал го победи Цирих со 1-0, Бетис славеше над Хелсинки со 3-0, ПСВ против Бодо Глимт со 2-1, како и Брага против Малме со 2-1. Фенербахче го победи Динамо Киев со 2-0 во меч на кој Езџјан Алиоски играше во последните 11 минути, Унион Берлин го победи Унион Ројал Сен Жил со 1-0, а Рен и АЕК Ларнака ремизираа 1-1.
Од овие групи во елиминациските рунди одат Арсенал, ПСВ, Бетис, Рома, Ројал Унион Сен Жил, Унион Берлин, Фенербахче и Рен