Германскиот стратег на каталонците Ханси Флик, се израдува на уште една голеада која ја понуди неговиот тим. Но победата од 5:1 над Севилја донесе и уште една радосна вест за него и фановите, од едноставна причина што на теренот се врати играч кој беше клучен изминатите сезони.

Гави после точно 11 месеци ја санираше тешката повреда на коленото и вчера со многу емоции и овации беше пречекан на „Монжуик“, а стоечките овации кои ги доби побудија емоции и кај обично ладниот Германец.
Флик важи за тренер кој знае да ги контролира своите емоции, но сега самиот призна дека не му било сеедно кога цел стадион го извикувал името на Гави, а притоа играчот за врска влезе на теренот со капитенската лента на својата рака.

Повеќе од јасно е дека Гави овој кам-бек ќе го памети до крајот на животот, но за издвојување е и изјавата на тренерот на Барса.

– Навистина сум многу среќен за Гави. Не се случува често ова со мене, но овојпат се наежив од тоа што го видов. Неговиот кам-бек ме трогна. Беше важно да се врати и сакаше да одигра само пет минути против Севилја. Си го исполни сонот и сите сме среќни за него. При самото влегување во игра наметна висок интензитет, тој едноставно не знае да игра на поинаков начин, – изјави Флик.

https://twitter.com/i/status/1848104919922073677