Екипата на Болоња се спаси од втор пораз по ред во Серија А, откако во завршница на дуелот против Џенова ги постави конечните 1-1 во рамки на 19. коло од првенството.

Џенова во целиот натпревар имаше само два удари кон противничкиот гол, а едниот од нив го испрати Гудмунсон и заврши во мрежата на Болоња во 20. минута.

Домаќинот доминираше на теренот и постојано се закануваше кон голот на гостинската екипа, а до бод стигна дури во 96. минута кога Де Силвестри погоди за 1-1.

 

Болоња остана на петтата позиција со 32 бодови, додека Џенова е на 12. место во лигата со 21 бод.