„Кралскиот клуб“ ја доби првата четвртина со 25-18, но турскиот гигант почна да се буди и до полувреме намали на 36-38.
Во второто полувреме се водеше подраматична битка на паркетот, но по регуларниот дел резултатот беше 81-81, па победникот мораше да се решава по продолженија.
Шпанскиот тим по четири продолженија конечно успеа да го надигра турскиот клуб со 130-126.
Најефикасен кај „кралевите“ беше босанскиот интернационалец Џанан Муса со 40 поени, два скокови и осум асистенции, додека Ларкин постигна 32 поени, пет скокови и девет асистенции за Ефес.