Натурализираниот македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортс ја освои титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, откако со неговиот Телеком Бон во финалето го совлада Хапоел Ерусалим со 77:70.

Извонредниот Шортс викендов беше прогласен за МВП во ова натпреварување, а во Малага повторно го оправда признанието.

Македонскиот репрезентативец беше најпрецизен кошаркар на натпреварот со 29 постигнати поени за 28 минути игра.

Завршниот турнир во ЛШ на ФИБА се одржа во Малага, Шпанија.

 

https://youtu.be/CYQl9FGlLKg