Екипата на Ливерпул славеше на гостувањето кај Лестер сити со 3-0 и им се приближи на Манчестер јунајтед и Њукасл на само еден бод од позициите кои водат во Лигата на шампиони.
Куртис Џонс за само неколку минути двапати ја затресе мрежата на „лисиците“, па така Ливерпул уште во првото полувреме ја најави својата победа.
Триумфот на „црвените“ го потврди Трент Александер-Арнолд во 71. минута кога ги постави конечните 3-0.
Ливерпул има 65 бодови на петтото место, а пред него се Манчестер јунајтед и Њукасл со по 66 бода.