Наполи доживеа непријатен пораз на домашен терен и е елиминиран од купот на Италија. Фиорентина успеа да постигне пет голови од кои три во продолжениото од натпреварот откако регуларните 90 завришија со резултат 2:2.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра цел натпревар имаше свои шанси да постигне гол но не успеа.
Србинот Душан Влаховиќ го отвори резултатот а Дрис Мертенс изедначи
Гостите преку Кристијано Бриаги повторно поведоа но Петања во 96. минута повторно израмни.
Потоа следеше потопот на наполитанците. Во 106. минута гостинскиот фудбалер Венути се запиша во листата на стрелци и донесе трета предност, а конечна победа за екипата од Фиренца обезбедија новото засилување Пјонтек и Малех во последните моменти од натпреварот.