Во спектакуларното полуфинале на шпанскиот Суперкуп, Реал ја победи Барселона со 3:2 по продолженијата. Головите за кралевите ги постигнаа Винисиус (26), Бензема (72) и Валверде (98), а за Барса погодија Луук де Јонг (41) и Ансу Фати (83). Реал двапати водеше, Барса двапати се враќаше, но не успеа да победи.

Главна тема на разговор кај навивачите на Барселона е уругвајскиот стопер Роналд Араухо. На интернет се појавија фотографии на кои се гледа неговата дланка. Дефанзивецот ја оперирал дланката само една недела пред Ел Класико, но наводно инсистирал да игра. Така тој мечот против Реал Мадрид го одигра со два штрафови во раката.

https://twitter.com/ReshadRahman_/status/1481678544870727681?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1481678544870727681%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Ffoto-ovako-izgleda-saka-barceloninog-stopera-nakon-operacije-i-el-clasica%2F2332300.aspx

Дел од навивачите се изненадени од Чави и стручниот штаб на Барселона кои дури и дозволија Араухо да игра. Во случај на малку потежок пад, тој можеше да ја влоши непријатната повреда и да ризикува нова, корективна операција.