Поранешниот италијански шампион Јувентус одигра 1-1 против Емполи на домашен терен во рамки на 22. коло од Серија А.

Милик во 18. минута доби директен црвен картон и им создаде проблеми на „бјанконерите“ во продолжение од средбата.

https://twitter.com/i/status/1751295593383629141

Поради исклучувањето на искусниот напаѓач, Јуве мораше да менува во формацијата и во пристапот на игра, па поради тоа Емполи имаше целосна контрола во првиот дел, но не успеа да испрати ниту еден посериозна закана кон голот на Шчесни. Затоа, пак, на спротивната страна младиот Фабио Морети во самиот финиш од полувремето ја имаше најголемата шанса за погодок, но неговиот удар заврши над голот на гостите.

Но, само што започна второто полувреме Душан Влаховиќ одново стапи на сцена и донесе радост на трибините. Српскиот ас кој игра во одлична форма во овој дел од сезоната, во 50. минута најдобро се снајде во казнениот простор на противникот и погоди за водство на Јуве од 1-0.

„Старата дама“ долго време ја контролираше играта на теренот, но сепак во 70-та минута Балданци постигна прекрасен гол и Емполи од тешкото гостување во Торино си замина со голем бод (1-1).

 

„Старата дама“ е прва во Серија А со 53 бодови, односно два повеќе од Интер, кој има одиграно два меча помалку.