Екипата на Чаби Алонсо беше одлична во текот на целиот натпревар и создаде дури 28 шанси кон голот на гостите од Менхенгладбах, меѓутоа чуварот на мрежата на Борусија беше на висина на задачата.
Вирц и посебно инспирираниот Хофман против поранешниот клуб ги имаа најзрелите шанси до одморот.
Во вториот дел се играше порамноправно, па свои шанси имаа и гостите од Менхенгладбах преку Нојхаус и Вајгл. Чаби Алонсо во 84. минута го внесе младиот Хлозак во игра и со целосна офанзива нападна кон голот на Борусија. Сепак, гостинскиот бункер издржа и Баер Леверкузен не успеа како на претходните натпревари да постигне гол за победа во финишот.
И покрај ремито Баер Леверкузен е лидер со два бода повеќе од шампионот Баерн Минхен. Утре се играат натпреварите Унион Берлин – Дармштад и Борусија Дортмунд – Бохум.