Унион Берлин оствари победа (1-2) против Вердер на гости и се доближи на само три бода до лидерот Баерн Минхен на врвот на Бундес-лигата.
Амос Пипер постигна гол за водство на Вердер во 13.минута, но само пет минути подоцна израмни Унион Берлин преку Хаберер. Кевин Беренс го даде победничкиот гол во 46.минута.
Баер Леверкузен го победи Бохум со 2-0, со головите на Тапсоба и Хлозек, а Аугбусрг го доби дуелот со Борусија Менхенгладбах со 1-0. Стрелец беше Мергим Бериша во 82.минута.
Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено 1-1.