Барселона го победи Реал Сосиедад со 1-0 на „Камп Ноу“ и се пласира во полуфинале на Купот на Шпанија. Стрелец на победничкиот гол за каталонците беше Осман Дембеле во 52.минута од мечот.

Работата наБарса беше олеснета по исклучувањето на Браис Мендез во 40-та минута, па еден гол им беше доволен за да го совлада ривалот.

Баскискиот тим има ужасна серија на гостувањата на „Камп Ноу“.Досега загубиле во Барселона дури 27 пати по ред. Последната победа на најголемиот стадион во Европа им беше во мај 1991 година, и тоа во меч кој за Барса не беше важен, бидејќи веќе ја имаше обезбедено титулата. Вечерва тие беа и некомплетни, па работата им беше претешка.

Инаку, Дембеле е талисман на Барселона, кога тој дава гол, тимот никогаш не загубил. За Барса ова е 11-то полуфинале во последните 13 сезони од купот.