На фудбалските фанови на Лион многу тешко им падна поразот, и тоа тежок пораз од лондонски Вест Хем и елиминацијата во 1/4 финалето во Лигата на Европа. Тие својот бес едноставно не го криеја, но ретко кој можеше да претпостави дека по мечот ќе следува дивјачко однесување од нивна страна, дека ќе се обидат дури и да го демолираат својот стадион.

Тие прво ја уништија оградата а потоа влегоа на теренот каде што сеуште беа играчите на двете екипи. Од видеото најубаво може да се види што навистина се случуваше, досега нешто невидено.