Младиот репрезентативец на Франција и член на Олимпик Марсеј Бубакар Камара одлучил да го промени националниот тим. Дефанзивниот играч за врска на Светското првенство во Катар ќе игра за репрезентацијата на Сенегал, од каде потекнуваат неговите родители.
Сенегалците подолго време пробуваат да го убедат младиот фудбалер да заигра за нивниот „А“ тим и според пишувањата на „Екип“ успеале во тоа. Камара е еден од најталентираните играчи на својата позиција во Европа, а уште сега е многу баран на фудбалскиот пазар.
Марсеј сака да го задржи, но многу други клубови се во трката по неговиот потпис. Меѓу нив се Манчестер Јунајтед, Астон Вила, Атлетико Мадрид…, а според „трансфермаркт“ неговата вредност е околу 25 милиони евра.