Милан и Болоња одиграа нерешено (2-2) во 22. коло на италијанската Серија А. Домаќинот не успеа да триумфира пред полните трибини на „Сан Сиро“ кој беше распродаден. „Росонерите“ не реализираа и два пенали, а тоа гостинот од Болоња знаеше да го казни и освои голем бод.
Натпреварот започна мирно, без шанси и возбудувања пред двата гола. Во водство дојде Болоња, во 29. минута пслео голема мешаница пред голот на Мањан, Џошуа Зиркзе успеа да погоди од тешка позиција. До полувремето „росонерите“ добија пенал откако Луис Фергусон направи фаул врз Кјаер. Сепак, ударот на Оливие Жиру од 11 метри беше катастрофален и голманот Скорупски лесно го одбрани. Во финишот на првото полувреме, Калабрија нафрли и Рубен Лофтус Чик беше стрелец за израмнување (1-1).
Во второто полувреме Зиркзе имаше одлична шанса за предност за Болоња, но шутираше над голот. Милан повторно доби уште еден пенал откако Беукема невнимателно го удри РафаонЛеао. Овојпат шутираше Тео Хернандез, кој ја погоди стативата, а топката му се одби назад и од мешаницата домаќинот даде гол. Сепак, судијата Давиде Маса покажа офсајд бидејќи изведувачот на пеналот не смее по одбивање од рамката на голот прв да игра со топката.
Милан доби голема шанса за водство во 74. минута, кога Ернандез промаши пенал, меѓутоа Лофтус-Чик со неговиот втор гол во 83. минута конечно направи пресврт (2-1).
Радоста на „росонерите“ траеше до 92. минута, кога Орсолини од Болоња реализира пенал и погоди за 2-2.
Милан е трет со 46 бодови, односно седум помалку од лидерот Јувентус, додека Болоња е седма со 33 бода.