Ненад Димитријевиќ имаше блескав настап во триумфот на Уникс Казан против Автодор од 89-71 во ВТБ-лигата.
Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ одигра 36 минути на паркетот, а притоа постави нов личен рекорд откако постигна 35 поени, шест скокови, шест асистенции и четири украдени топки.
Уникс со новиот триумф го задржа второто место во ВТБ-лигата пред последното коло од регуларниот дел во сезоната.