Неверојатна кошаркарска „драма“ се одвиваше во последните моменти од мечот меѓу Бахчешехир и Фенербахче во турскиот шампионат кој ги остави домашните фанови во шок.
Иако изгледаше дека домашниот тим ќе приреди сензација и ќе го победи фаворитот, грчкиот кошаркар Јоргос Папајанис не мислеше така и го постигна кошот на деценијата.
Имено, Бахчешехир на помалку од две секунди до крајот постигна поени за водство од 96:93 и сите во салата почнаа да ја прославуваат победата на домашниот тим.
Но, така не мислеше гркот Папајанис кој од својата половина, во стилот на поранешниот кошаркар на Партизан, Душан Кецман, кога во финалето на АБА-лигата од сопствениот рекет ја исфрли топтата пред звукот на сирената и погоди.
Во продолжението, домашните кошаркари не успеаја да се соземат од шокот и загубија со 105:110.