Кошаркарите на Денвер Нагетс ја прекинаа серијата од шест порази откако утринава со 120:111 го совладаа Мајами Хит.
Најзаслужен за триумфот на Денвер беше Никола Јокиќ кој се врати на терените по паузата од четири натпревари поради повреда на скочниот зглоб. Јокиќ натпреварот во Мајами го заврши со 25 поени, 15 скокови и седум асистенции.
Кај Мајами се истакна Бем Адебајо со 24 поени и 13 скокови.
Навивачите на Мајами го исвиркуваа секој допир на Јокиќ со топката поради инцидентот од последниот меѓусебен дуел на овие две екипи кога центарот на Денвер го удри играчот на „жешките“, Маркиф Морис.
Далас Mаверикс загуби од Кливленд со 114:96 иако Лука Дончиќ одигра одличен натпревар и оствари трипл-дабл. Дончиќ оствари учинок од 25 поени по 10 скокови и асистенции, но немаше расположени соиграчи.
На спротивната страна, Џерет Ален беше најпрецизен со 28 поени и 14 скокови, а Лаури Марканен постигна 24 поени.
Филаделфија – Орландо 101:96
Мајами – Денвер 111:120
Чикаго – Шарлот 133:119
Хјустон – Оклахома 102:89
Минесота – Индијана 100:98
Далас – Кливленд 96:114
Сан Антонио – Вашингтон 116:99
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 104:123