Бостон синоќа загуби и третпат во серија, на гости кај Кливленд со 114-118 по едно продолжение. Донован Мичел одигра пеколен натпревар за Кливленд, со 40 поени и 11 скокови, а во отсуство на Џејсон Тејтум, кај Бостон предводник беше Џејлен Браун со 32. Бостон сега има 45 победи и 21 пораз, се подалеку од Милвоки, кој е прв со 46 победи и 18 загубени меча.

Денвер го зацврсти лидерското место на Западот со четврта победа едноподруго, вкупно 46-та на 65 натпревари. Ова беше 30-ти триумф на домашен терен, 118-113 против Торонто. Џамал Мареј беше најдобар стрелец со 24 поени за домаќините, Фред ван Влит постигна 21 за Репторс, плус 14 асистенции, а на Никола Јокиќ му недостигаше една асистенција за нов трипл-дабл, со 17 поени и 13 скока.

 

На западот двајца се гордееја на трипл-дабл ефект. Едниот е Демијан Лилард, кој игра во фантастична форма, и го водеше Портланд до триумф во Детроит со 110-104 со 31 поен, 13 скока и 12 асистенции. Литванецот Домантас Сабонис, беше еден од столбовите на Сакраменто во победата против Њу Орлеанс со 123-108. Постигна 19 поени, со 11 скока и асистенции, додека неговиот соиграч Кевин Хертер беше прв стрелец на мечот со 25 коша.

На останатите два меча, Мајами ја победи Атланта со 130-128, а Филаделфија триумфира кај Индијана во меч со 290 поени,.147-143.