„Елените“ со овој триумф дојдоа до скор 41-17 и скоро се изедначија со Бостон селтикс (42-17) на врвот во Источната конференција. Но, успехот во „ветровитиот град“ скапо го платија со повреда на својот најдобар поединец, Јанис Адетокумбо, кој го повреди зглобот на раката и предвреме го заврши натпреварот. Можно е да отсуствува и од олстар-викендот во Солт Лејк Сити, на кој требаше да се појави и во натпреварот во вештини заедно со своите браќа, Танасис и Алекс.Во отсуство на „Грчкиот ѕвер“ кај Милвоки блесна Брук Лопез, кој средбата ја заврши со 33 поени и седум скока, додека Никола Вучевиќ со 22 поени 16 скока беше најдобар кај „биковите“.

Гостите доминираа и во преостанатите две средби. Вашингтон визардс ја совлада Минесота тимбервулс (114-106), откако во првата четвртина беа во минус и од дури 20 поени. ЛА клиперс, кој е во завршни преговори за откуп на договорот на Расел Вестбрук, го совлада Феникс санс (116-107) предводен од Пол Џорџ и Теренс Ман, кои постигнаа по 26 поени. Крис Пол, пак, од тимот на „сонцата“ на овој меч се искачи на третото место на вечната листа на играчи со најмногу украдени топки во НБА.